Полицијата од Гевгелија се префрли во Куманово кај Башкими

736

Неофицијално дознаваме, попладеново припадници на МВР влегле во Башкими како дел од истрагата за сомнителниот натпревар со Кожуф. Овие денови се очекуваат конкретни информации со детали околу тоа кој, како и зошто предизвика фудбалски земјотрес во Втората лига.

Во текот на денот ФФМ излезе со детали околу постапката против лица од Кожуф по добиените изјави и факти од таборот на гевгеличани и официјалните лица од натпреварот.

„Случајот не е затворен и Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот.

ФФМ и Одделот за безбедност и интегритет остануваат цврсто посветени на заштитата на интегритетот на натпреварувањето и ќе продолжат со целосна соработка со сите надлежни институции за целосно расветлување на случајот“, стоеше во соопштението на ФФМ во текот на денешниот ден.

ПретходноПСЖ му се јави на Мбапе: Ни должиш 98 милиони евра!
СледноАталанта го турна Јувентус кон Лигата на шампионите