Репрезентацијата на Македонија до 16. години на развојниот турнир во Црна Гора денеска загуби со конечни 2:1 токму од домаќинот.
Во комбиниран состав во кој повторно шанса добија повеќето наши репрезентативци, нашиот состав покажа добра игра во која за жал ние не ги искористивме нашите шанси доволно како противникот.
Стрелец на единствениот гол за нас беше Сонер Ракипи, додека шанса да израмни на 2:2 имаше Фадиљ Исламовиќ.
Македонија: Ринор Цека, Аријан Рамадани, Анес Бајрами, Давор Јорданов, Филип Цветковски, Лука Кнежевиќ, Андреј Цветковски, Сонер Ракипи, Мелдин Алометовиќ, Фадиљ Исламовиќ, Вулнет Амети
Играа уште: Лука Георгиевски, Марко Мирчевски, Луга Георгиев, Васко Папалиски