Пропадна уште една сезона: Роналдо повторно не успеа да ја освои титулата во Саудиска Арабија

38

Кристијано Роналдо не успеа повторно да стане шампион на Саудиска Арабија.

Ал-Итихад, кој е лидер на табелата, вчера ја победи Ал-Феиха со 3:0 во 31-то коло и се одвои од Ал-Наср, за кој настапува Португалецот, со дури 14 бода разлика. Иако клубот од Ријад сè уште има натпревар помалку, нивните шанси за освојување на титулата веќе се изгубени.

Ова е единаесеттиот пораз на Ал Наср на турнирот откако Роналдо потпиша со тимот. За две и пол години, тимот не успеа да го освои првенството на Саудиска Арабија, а не успеа да слави ниту во Азиската Лига на шампиони, Кралскиот куп или Суперкупот.

Откако Кристијано пристигна, Ал Наср освои само едно натпреварување, Купот на арапските шампиони, кој се смета за пријателски турнир. Во тоа време, со тимот работеа специјалисти како Руди Гарсија, Луис Кастро, Стефано Пиоли…

ПретходноФФМ со честитка за ракометарите: Добро утро шампиони! (ФОТО)
СледноКостески: Покажавме карактер! Македонија треба да се радува бидејќи ракометот има светла иднина!