Победа во дербито и фактот дека тоа беше 16-ти меч без пораз во низа, јасно е дека Гоце Седлоски е без конкуренција за тренер на колото. И овојпат Вардар беше подобар од Работнички, Седлоски успеа да го победи својот некогашен тим и да покаже дека Вардар е во одлична форма токму кога е најпотребно, за финалето на Купот на Македонија во кое токму Седлоски е еден од најзаслужните што нашиот најтрофеен клуб после 18 години повторно ќе игра за големиот пехар во нашето најмасовно спортско натпреварување.
Уште еднаш се покажа дека Гоце Седлоски е идеалниот човек за клупата на Вардар. Со него Вардар е сосема некоја друга димензија оваа пролет.