Флик: Ќе треба да ми го проверат срцето

60

По фантастичната победа вчера на Ел Класико дербито на домашен терен во кое тимот на Барселона го победи Реал Мадрид со 4:2, тренерот на Каталонците, Ханси Флик даде интересна изјава, која секако беше преполна со емоции.

„Ќе морам да си го проверам срцето. Секако дека би било лесно да се каже дека нашата тактика беше да постигнеме четири гола во случај да примиме три. Треба многу да се подобриме во одбраната. Кога притискаме, сè е во ред. Но, штом направиме грешка, работите се комплицираат. Денес едноставно имавме многу брзи играчи во нападот. Не е лесно да се контролира целиот состав, но тие се фантастични. Играчите сакаат да играат, да тренираат, да се натпреваруваат… Ако имате интензитет на тренинг, тогаш е полесно за вас. Физичката подготовка е исто така неопходна ако сакате да играте во стилот на Барса. Сè уште не се чувствуваме како шампиони, но би било добро да ја завршиме сезоната со три трофеји“ – изјави тренерот на Барселона. 

ПретходноГрчкиот газда на Нотингем Ф. влезе во терен да се расправа со тренерот Санто (ВИДЕО)
СледноОјлески: Секогаш ќе бидам тука за Македонија! Местото ни е на ЕП!