Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Оклахома Сити Тандер со 92:87 во четвртиот натпревар од второто коло од плејофот во НБА лигата. По 48 минути напната, драматична и возбудлива игра, Денвер Нагетс беа поразени пред своите навивачи, иако во добар дел од мечот успеаја да преземат лидерство.
Со овој пораз серијата е израмнета (2:2), а и двата тима има апо една победа и еден пораз на домашен терен.
Натпреварот беше обележан со очајната прва четвртина која заврши со 17:8, изедначувајќи го рекордот во НБА за најмалку постигнати поени. Денвер Нагетс повторно беа предводени од маестралниот Никола Јокиќ, кој го заврши натпреварот со 27 поени, 13 скока и 3 асистенции, а имаше и 4 украдени топки!
Во редовите на Оклахома, Шеј Гилџес Александер имаше 25 поени и 6 скока, додека Волас и Вигинс постигнаа по 11.
Инаку, синоќа се одигра уште еден натпревар. Индијана победи дома против Кливленд со 129:109 и поведе со 3:1 во серијата. За Пејсерсите, прв стрелец беше Паскал Сиакам со 21 поен, а од друга страна, Дариус Гарланд постигна најмногу (21 поен).