Македонија синоќа имаше причини да слави. Нашите ракометари ја продолжија традицијата на настапи на големите натпреварувања, а сето тоа не остана незабележано и непрославено и во соблекувалната.
Нашите момци му приредија вистинско изненадување и на селекторот Лазаров кој доби вистинско роденденско „туширање“ за неговиот 45-ти роденден, по остварената победа над Литванците и неговото трето европско како селектор на Македонија.