В сабота на 17 мај со почеток во 10 часот стартува премиерното издание на маратонот во планински велосипедизам „Крушево MTB Challenge” во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија.
Во рамките на овој настан, за првпат во историјата на велосипедскиот спорт ќе се реализира и Државното првенство во планински велосипедизам Маратон како дел од официјалниот календар на ВФМ и според пропозициите и критериумите на Светската велосипедска федерација УЦИ.
Натпреварувачите ќе имаат можност да одберат меѓу мал маратон од 25 км. и голем маратон од 75 км. со вкупно искачување од 650 односно 2000 метри.
Овој настан се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – Increasing Market Employability – IME, Алто Панорама хотел и спа, хотел Монтана и Општина Крушево.
Признанија и награди ќе бидат доделени за сите возрасни категории и тоа: 18-29, 30-39, 40-49,50-59,60+.