Флик почна да ги урива „лудите“ рекорди на Пеп со Барселона

233

По вчерашаната победа на Барселона против Реал Мадрид со 4:3 во 35-то коло од Ла Лига, германскиот предводник на Каталонците, Ханси Флик, успеа да испише уште еден рекорд.

Овој пат, Флик стана само вториот тренер во историјата на каталонскиот гигант кој успеал да ги добие сите четири први „Ел Класико“ пресметки со Реал (М) откако дошол на клупата на Барса.

Ханс-Дитер Флик стартуваше со 4 победи во дуелите со Реал Мадрид во сите натпреварувања, што го израмни со Пеп Гвардиола, кој успеа да го направи ова со Барса на стартот на својот мандат на клупата на тимот од 2008 до 2012 година. Флик ја презеде функцијата менаџер на „блауграна“ кон крајот на мај минатата година.

ПретходноВака се славеше во соблекувалната: Ракометарите му приредија „роденденско туширање“ на селекторот Лазаров (ВИДЕО)
СледноРенесанса: Мектоминај во една сезона во Наполи има повеќе асистенци отколку за 8 години во Манчестер Ј.