Кошаркарските судии, делегати и инструктори номинирани на повеќе ЕП ова лето

42

Македонските кошаркарски судии, делегати и инструктори добија номинации за вкупно девет натпреварувања кои ги организира ФИБА, а се дел од Европските младински шампионати кои ќе бидат реализирани во наредниот период.

Осуммина судии ќе имаат обврски на меѓународен план ова лето, еден делегат и двајца инструктори.

Како што е познато, Македонската кошаркарска федерација ќе биде домаќин и на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 7. до 16. август ќе се одржи во нашиот главен град.

*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 20“ години кое од 12. до 20. јули ќе се одржи во Ираклион (Грција), во улога на ФИБА инструктор ќе биде Петар Денковски. Денковски ќе биде одговорен за работата на судиите и на ЕП од Дивизијата„ Б“ за кошаркарки „Под 20“ години, кое од 2. до 10.август ќе биде реализирано во Мишколц (Унгарија).

*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години, кое од 11. до 20. јули ќе се одржи во Ереван (Ерменија), а на кој ќе учествува и нашиот младински национален состав, ќе суди Андреј Златевски.

*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 18“ години кое од 26.јули до 3.август ќе се одржи во Белград (Србија), а на кое ќе настапи и нашиот национален тим, судиска обврска ќе има нашиот најдобар судија, Игор Митровски.

*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години кое од 4. до 13.јули ќе се одржи во Алитус и Вилнус (Литванија), а на кое ќе игра и нашиот женски јуниорски нациинален тим ќе суди Алија Феревски.

*На Европското првенство од Дивизијата „Ц“ за кошаркари „Под 18“ години кое од 19. до 27.јули ќе се одржи во Драч (Албанија), ќе суди Зоран Митровски.

*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години кое од 7. до 16. јули ќе се одржи во нашиот главен град- Скопје, во оној судиски дел ќе имаме два претставници, Зоран Митровски и Иван Мијалковски.

*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркарки „Под 16“ години кое од 15. до 23.август ќе се одржи во Питешти (Романија), еден од делегатите ќе биде и Владо Цветковски.

*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години кое од 20. до 29.август ќе се одржи во Истанбул (Турција), ќе судат Зоран Митровски и Ема Никочевиќ.

ПретходноЏирона победи кај „фенерџијата“, Миовски остана на клупа
СледноКари потврди: Не сум Супермен, нема да играм ниту на следниот меч