Уште една потврда дека Мартин Томовски на мечевите со Естонија и Литванија бранеше “ѕверски“ и е еден од оние кои дадоа најголем придонес во пласманот на нашата репрезентација на ЕП 2026.
Имено ЕХФ утринава го објави идеалниот состав или “Дрим-тимот“ на 5. и 6. коло од квалификациите за ЕП и во него е македонскиот голман Мартин Томовски. Ова значи дека нашиот Мартин е и најдобар голман во квалификациите во овие последни кола.
Секоја чест за Томовски. Уште еднаш ова е убаво и големо признание за нашиот репрезентативен голман.
Само да се потсетиме дека тој на гостувањето во Естонија за едно полувреме имаше 13 одбрани, а исто толку и во неделата во “Борис Трајковски“ против Литванија на кој момците на селекторот Кирил Лазаров одиграа фантастично и заслужено се пласираа на ЕП.