Може ли Куманово да го изненади МЗТ Скопје?

79

МЗТ Скопје и Куманово денеска (18:30 часот) ја продолжуваат битката за пласман во финалето на плеј-офот. Бранителот на титулата е домаќин и на вториот полуфинален меч и има предност од 1-0.

На првата средба кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправдаа фаворитската улога и без проблем дојдоа до победа. На другата страна Куманово има далеку по кратка клупа, што пак е главната причина што делуваше немоќно на теренот. Сепак, фактот дека Марин Докузовски е тренер на гостинскиот тим може да се очекува поинакво издание на неговите момци. Останува да видиме дали Куманово навистина може да го изненади актуелниот првак, кој на хартија е огромен фаворит.

Вториот меч од втората полуфинална пресметка се игра утре, ТФТ е домаќин на Работнички. Тимот од Тафталиџе имаше предност од 15 поени, но до триумфот дојде после продолжение.

ПретходноСамо на Балканот: Навивач удри фудбалер со нога во глава! (ВИДЕО)
СледноПо триумфот во Ел Класико: На забавата на Барса бил и ѕвездата на ПСЖ!