Пеп има само едно вистинско име како замена за Де Брујне

178

Манчестер Сити со сите сили притиска да го донесе во својот тим за следната сезона младиот Германец, Флоријан Вирц од Баер (Л).

Според новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк, „граѓаните“ доставиле понуда до Баер за трансфер на 22-годишниот играч од средниот ред, но цената која е понудена засега е тајна.

Манчестер Сити одлучи да се обиде да го обезбеди Германецот сега, бидејќи Баерн Минхен работи на неговиот трансфер. Тренерот на англискиот клуб,  Пеп Гвардиола, сака Вирц да го замени Кевин де Брујне и затоа неговото име го ставил на врвот на листата на потребни нови засилувања за Сити ова лето.

ПретходноФранција воведува плеј-оф за шампионската титула во Лига 1?!
СледноМилан брза да потпише нов договор со Пулишиќ, Американецот тактизира