„Јамал е најголемиот фаворит за освојување на Златната топка“!

325

Иако минаа два дена од Ел Класико во кое Барселона го победи Реал Мадрид со 4:3 и со тоа стигна на чекор до титулата во Ла Лига, фудбалскиот свет и натаму се воодушевува на овој натпревар, на играта на Барса пред се, и се разбира на изданието на Ламине Јамал кој во јули ќе полни 18 години.

Свој коментар имаше Арсен Венгер, еден од најдобрите тренери во историјата:

Дали видовте што направи Барселона? Тоа е убавината на фудбалот. Тим кој губи со 0:2 за да потоа постигнува три гола за 18 минути. Тоа не беше само пресврт, тоа беше порака и до сите останати клубови. Сега јасно е дека титулата е во рацете на Барса. Да кажжам и тоа дека за мене Ламине Јамал е прв фаворит за освојување на Златната топка“ посочи Венгер.

ПретходноДали е ова поради Дончиќ: Сите се смеат на тоа како Далас победи во лотаријата за избор за прв пик на НБА драфтот!
СледноШест тима се заинтересирани за Ненад Димитријевиќ