Андрија Димески со повик за Македонија У21

254

Во редот на новитетите кои У21 репрезентацијата ќе ги има на двомечот со Косово, во јуни е и играчот на српски Вождовац, Андрија Димески. Тој веќе има настапи за Македонија но за селекциите до 18. односно 19. години, а овојпат ќе дебитира во дресот до 21. година.

„Повикот за репрезентацијата го прифатив со воодушевување. Голема е честа да се игра за репрезентација. Срцето ми е полно и ќе дадам максимум секако. Со оглед на фактот што се враќам од тешка повреда, нормално е да сум задоволен и пресреќен со повикот. Се адаптирав на екипата и на принципот на работа на тренинзите во Вождовац, и едвај чекам да ја добијам правата шанса“ – изјави Димески за клупскиот сајт на Вождовац.

 

ПретходноМакедонија У14 со пораз од Словенија
СледноКристијано Роналдо јуниор со деби настап за Португалија