Бостон и Голден Стејт пред елиминација и ужасна повреда на Тејтум! (ВИДЕО)

221

Бостон и Голден Стејт се пред елиминација во полуфиналињата од плеј – офот во источната и западната конференција во НБА.

Имено прво Њујорк со 121:113 успеа да ги победи Селтикси и со тоа да поведе во серијата со 3:1, за да потоа и Минесоста триумфираше со 117:110 против Голден Стејт и исто да поведе во серијата со 3:1.

И Њујорк и Минесота имаат супер шанси да одат во завршницата во своите конференции.

Сепак најлоша вест за шампионот, за тимот на Бостон е таа што потешко се повреди нивниот најдобар кошаркар Џејсон Тејтум кој беше изнесен со количка од арената. Станува збор веројатно за дисторзија на зглобот. Сеуште не се знае колку ќе паузира, но јасно е дека ова е ужасна вест за неговиот тим.До повредат токму Тејтум со 42 поени го држеше Бостон во „игра“.

Во победничкиот тим Бренсон со 39 поени одигра одлично, како по обичај.

Во вториот меч се виде убаво дека Голден Стејт без Стеф Кари е сосема нешто друго. Во првата фаза од мечот и одеше некако, потоа работите во свои раце ги презеде Едвардс и на Минесота и донесе победа.

ПретходноМакедонија со У14 двомеч против Словенија
СледноДон Карло како селектор на Бразил ќе заработува 9,2 милиони евра годишно!