Големо признание: Пројковска ќе биде дел од судискиот тим на женското финале во ЛШ!

65

Големо признаение за нашата најдобра судијка, секако и за Судиската организација при ФФМ. Имено Ива Пројковска ќе биде дел од судискиот тим за женското финале во Лигата на Шампионите. Македонката ќе биде четврти судија на финалниот меч меѓу Арсенал и Барселона кој се игра на 24 мај во Лисабон.

Инаку за главна судијка на ова финале одредена е Ивана Мартинчиќ од Хрватска, и нејзините помошнички се од Хрватска, Сања Роџак – Каршиќ и Маја Петравиќ, додека Пројковска ќе биде четврта судијка на ова финале.

Секако дека ова за Ива Пројковска е и награда за нејзино успешно судење во последно време на женските мечеви на интернационала сцена, а од пред извесено време таа суди и тоа како добро и во нашата ПМФЛ во машка конкуренција.

ПретходноПознати се можните ривали на Шкендија за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите!(ФОТО)
СледноКусо траеше соработката: Новак го отпушти Мареј!