Во малку неверојатен развој на настаните во кој Далас имаше само 1.8% шанси да биде на оваа позиција, Маверикси ќе бираат први на овогодинешниот НБА драфт.
Па така, откако стана јасно кој бира прв веднаш во Тексас, беше најавен како први избор, играчот на Универзитетот Дјук, Купер Флег. Тој се смета за потенцијал и талент кој се раѓа еднаш во неколку децении, затоа што со неговиот комплетен „скилс сет“ и 206 сантиметри висина е сериозен потенцијал.Тој сезонава е избран за број еден колеџ играч во САД.
Втор тим кој ќе се појави на драфтот е Сан Антонио, па следат Филаделфија и Шарлот.