Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, и официјално се најде на финалната листа на потврдени учесници на машкиот маратон на следното издание на Светското атлетско првенство во Токио.
Светската атлетика ги потврди листите на маратонци кои ќе се појават во Токио во септември оваа година, а на истата се најде и нашиот Дарио. Ивановски е меѓу 100-те потврдени маратонци за ова Светско првенство на отворено, што е единственото големо натпреварување на кое се уште немаше настап.
Ивановски веќе настапи и на олимпискиот маратон во Париз, на Светско првенство во сала, Европско во сала, како и на бројни други натпреварувања каде ја претставуваше Македонија. Сега очекуваме нов блесок во Токио овој септември.