Македонија У14 со пораз од Словенија

131

Македонскиот национален тим до 14. години денеска загуби со 3:1, на домашен терен од соодветната селекција на Словенија.

Во меч во кој противникот реално беше подобар ние париравме колку што можевме, но сепак, квалитетот преовлада што се вели кај противникот, па конечниот резултат е реален.

Словенија поведе преку Вучиќ кој погоди по корнерот на Словенија, а ние израмнивме преку Јанчевски од пенал. Сепак, противникот директно од корнер погоди за 1:2, и така се замина на полувреме.

Во вториот дел, се направија многу измени на двете страни, и Македонија и Словенија имаа по некоја ситуација пред противничкиот гол, а противникот искористи една од нив и ги постави конечните 1:3.

Вториот дуел се игра в четврток од 11:00 часот исто така на комплексот Петар Милошевски.

 

ПретходноДалас ќе бира прв на овогодинешниот НБА драфт
СледноАндрија Димески со повик за Македонија У21