Плејмејкерот на Париз и македонски репрезентативец, Ти Џеј Шортц, речиси е сигурно дека нема да остане во Франција и следната сезона. Во трка за неговиот потпис се најдобрите тимови од Евролигата, но според пишувањата на порталите кои ја следат кошарката, тој нема да оди ниту во Панатинаикос ниту во Фенербахче, туку во НБА.
Станува збор за тимот на Мемфис каде нов тренер е финскиот стручњак Туомас Исало.
Доколку се покаже дека ова е точно, Исало и Шортс ќе работат заедно по третпат во своите кариери, откако претходно со голем успех работеа заедно во Бон и Париз.
Останува да се види како Шортс ќе се прилагоди на НБА.