Балкански правила. Така може да се каже се она што се случуваше за време на фудбалски натпревар во БиХ и тоа меѓу екипите на Жепче и Немила во 2.лига во Федерацијата група центар.
Гостинскиот играч Анел Дедиќ, кој има играно и во најсилната лига во таа земја доби црвен картон и тргна накај соблекувалната, за да потоа од трибината беше удрен, како што се гледа од видеото, од еден навивач и тоа со нога во главата.
Дојде до мешаница на стадионот и присутните, а мечот беше прекинат.
Интересно тоа што тепачот откако си ја “заврши“ работата ноншалантно си замина на своето место.
Да, ова го има само на Балканот.