Новоформираната ММА Федерација денеска на прес-конференција го најави големиот турнир наречен ММА Спектакл кој што ќе се одржи на 6 септември во Скопје. Претседателот на Македонската ММА Федерација, Ивица Алексовски најави настан каков што досега не се случил на овие простори.
„Тоа ќе биде голем инвент. Македонските шампиони се подготвуваат и верувам дека ќе покажат квалитет. Допрва ќе решиме во која сала ќе бидат борбите. Настанот ќе биде емитуван и на Арена Фајт“ – изјави Ивица Алексовски.
На ММА турнирот во Скопје најавено е учество на неколку истакнати имиња во овој спорт меѓу кои и познатиот македонски борец Горјан Гого Славески, кој настапува во САД, како и на најдобрите македонски натпреварувачи – Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Дино Сарчевиќ.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, најави дека ќе помогне да се обезбеди присуство и на познатиот светски ММА борец, Александар Волкановски, кој има македонско потекло.