Некогашниот македонски фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски, денеска и официјално потврди дека ја завршува активната фудбалска кариера, но ќе остане активно во фудбалот.
Како што објавија од неговиот последен клуб, кипарски АЕЛ Лимасол, денеска на седница на управниот одбор на АЕЛ, Иван Тричковски е поставен како генерален раководител на фудбалскиот оддел на клубот.
Според договорот, Тричко на оваа позиција ќе остане до летото 2027 година.
„Иван Тричковски е личност со длабоко познавање на спортот, со долгогодишно искуство како на домашно, така и на меѓународно ниво. Неговиот професионален став, лидерско присуство и конкурентска перцепција го прават идеален за оваа специфична одговорна позиција, во време кога нашиот тим мора да исцрта стратегија за конкурентен развој и зајакнување на сите нивоа. Како генерален раководител на фудбалскиот оддел, Иван Тричковски ќе биде одговорен за целокупниот надзор на фудбалскиот оддел, поврзувањето меѓу играчката и административната гранка, зајакнувањето на внатрешните операции на тимот, како и поддршката на играчите и техничкиот персонал во нивните секојдневни активности. Дополнително, тој ќе има активна улога во екипирањето, развојот и надзорот на одделот за скаутирање, придонесувајќи значително кон стратешкото планирање“, објавија од АЕЛ.