Францускиот фудбалски шампион во иднина може да се одреди преку плеј-оф.
Вчера претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, предложи серија реформи што треба да ги разгледа Сенатот.
Создадени се три работни групи, од кои едната е фокусирана на подобрување на квалитетот на Лига 1 и е предводена од претседателот на Тулуз. Оваа група ја изнесе идејата дека по завршувањето на главниот дел од француското првенство, треба да се одржи плеј-оф со учество на првите четири екипи, пишува „Л’Екип“.
Овој мини-турнир е планиран да се одржи во формат на две полуфиналиња и финале, од кои победникот ќе ја добие шампионската титула. Сличен формат се користи и на Француското првенство за жени.
Се вели дека предлогот бил поздравен од неколку заинтересирани клубови во Лига 1.