Шест тима се заинтересирани за Ненад Димитријевиќ

232
Фото: Олимпија Милано/Фејсбук

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ по завршување на сезоната дефинитивно ќе го напушти тимот на Олимпија Милано. Нашиот најдобар кошаркар одлично ја почна својата авантура во Италија, успеа да се закити со МВП признание во Супер-Купот, ја добиваше целата доверба и беше вистински лидер на теренот, но потоа Еторе Месина се помалку му даваше минутажа.

Веќе во Италија се пишуваше дека ќе си замине со Олимпија Милано, а според последните најави на Нено нема да му биде лесно за да го одбере новиот клуб, бидејќи во редот засега има шест тима.

Покрај Уникс Казан, претходниот клуб на Димитријевиќ, за него се заинтересирани, Макаби, Басконија, ЦСКА, Црвена Звезда и Хапоел.

Дефинитивно летото ќе биде интересно бидејќи веруваме дека ќе стигнат и други понуди.

Претходно„Јамал е најголемиот фаворит за освојување на Златната топка“!
СледноНишто од Барса и Реал: Џонатан Тах одлучи каде ќе ја продолжи кариерата!