Синот на Кристијано Роналдо, полуларниот Јуниор имаше свое деби за репрезентацијата на Португалија. На пријателскиот меч против Јапонија, Роналдо јуниор го имаше својот прв настап за репрезентацијата до 15. години.
Нормално, со седмицата на грбот, заштитниот знак на неговиот татко, кој повеќе од 20 години гордо го предводи нациоалниот тим на Португалија.
Колку е ова само маркетиншки потег, и дали навистина Кристијано Роналдо јуниор има капацитет и квалитет да биде репрезентативец во младинските категории ќе покаже времето, но во секој случај неговиот настап е светски испратен.