Куманово немаше сили за изненадување, МЗТ Скопје на чекор до финале (ФОТО)

167

МЗТ Скопје ја доби и втората полуфинална пресметка со Куманово, откако славеше со 82-76. Актуелниот првак сега се најде на победа до финалето, истата ќе ја бара на гостински терен веќе во следниот меч.

Едвин со 22 поени беше прв стрелец кај победникот, зад него беа Крстевски со 12 поени, додека Андоновски 10. На другата страна Димитриевски имаше 22 поени од кои шест тројки.

Вториот натпревар беше поинаков од претходниот. Гостите отворија со 1-8, водеа и со 3-11, но следеше одговор од домашниот тим. Кошаркарите на МЗТ Скопје со серија од 11-0 поведоа со 14-11 во шестата минута. Првата четвртина заврши во корист на актуелниот првак (23-21). Следниот период беше во знакот на „сино-белите“ кои на одморот заминаа со водств од 50-41.

Во третата четвртина МЗТ Скопје водеше и со двоцифени 63-51, но Марин Докузовски успеа да ги разбуди своите кошаркари, со серија од 2-11, Куманово во 29-та минута дојде на минус три поени негатива (65-62) и ја расипа комоцијата на противникот.

Силен старт на МЗТ Скопје во последните десет минути, со серија од 12-2 ја врати контролата на резултатот, на средината на последниот период поведе со 79-64. Ова беше повеќе од доволно за победа, иако Куманово успеа да ја намали разликата.

ПретходноМакедонскиот репрезентативец на пат да заигра во НБА
СледноКошаркарите ги добија можните ривали за квалификациите за СП 2027