Кусо траеше соработката: Новак го отпушти Мареј!

79

Кусо траеше соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, само шест месеци. Она што се шпекулираше тоа сега е и официјално. Мареј не е веќе тренер на најдобриот тенисер во историјата. Велиме очекувано зошто со Мареј како тренер Србинот имаше ужасни резултати.

Секако дека Новак јавно му се заблагодари на својот голем пријател и тоа со одбрани зборови:

Ти благодарам, тренеру Енди, за сета напорна работа, за забавата и поддршката во изминатите шест месеци, на теренот и надвор од него. Уживав во продлабочувањето на нашето пријателство“ напиша Ѓоковиќ.

По него се огласи и самиот Мареј:

Му благодарам на Новак на неверојатната можност да работите заедно и му благодарам на неговиот тим за напорната работа во последните шест месеци. Му посакувам се најдобро на Новак во продолжение на сезоната“.

ПретходноГолемо признание: Пројковска ќе биде дел од судискиот тим на женското финале во ЛШ!
СледноМартин Томовски во “Дрим-тимот“ на ЕХФ! (ФОТО)