Милан брза да потпише нов договор со Пулишиќ, Американецот тактизира

141

Италијански Милан се обидува да спречи несакани шпекулации за трансфер на Кристијан Пулишиќ поради растечката популарност на американскиот интернационалец меѓу клубовите од англиската Премиер лига.

26-годишниот играч од средниот ред постигна 17 гола оваа сезона и стана клучна фигура во тимот на Милан. Раководството на клубот сака да го продолжи договорот на Пулишиќ за уште 12 месеци до 2028 година, нудејќи му и зголемување на финансиската компензација.

Сепак, според DAZN, Пулишиќ сака да чуе какви се плановите на Милан за следната сезона пред да донесе конечна одлука за својата иднина.

ПретходноПеп има само едно вистинско име како замена за Де Брујне
СледноДенвер близу до елиминација, Индијана го „среди“ најдобриот тим сезонава (ВИДЕО)