Познати се можните ривали на Шкендија за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите!(ФОТО)

676

Тетовска Шкендија како првак ова лето ќе ја претставува Македонија во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Ако го мине првиот круг ќе настапи во 2.квалификациско коло во ЛШ, ако биде елиминирана на стартот тогаш ќе ги продолжи своите настапи во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Познато е дека ждрепката за првото и второто коло во ЛШ ќе се одржи во 17/18 јуни, а мечевите од воведното коло се играат 8/9 и 15/16 јули.

Инаку иако Шкендија има, за наши услови, висок коефицент кој изнесува 7.500 сепак ќе биде во групата на неносители, и тоа за малку не успа да влезе меѓу “привилегираните“.

Па затоа на ждрепката за 1.квалификациско коло ќе добие и силен противник.

А еве кои екипи се можни ривали на тетовци: Лудогорец (Бугарија), Малме (Шведска), Жалгирис (Литанија), Рига (Летонија), Линколн (Гибралтар), КуПС (Финска), Њу Саинтс (Велс), Дрита (Косово), Бреидаблик (Исланд), Линфилд (С.Ирска)….

No description available.

ПретходноНишто од Барса и Реал: Џонатан Тах одлучи каде ќе ја продолжи кариерата!
СледноГолемо признание: Пројковска ќе биде дел од судискиот тим на женското финале во ЛШ!