Финална полициска акција за Кожуф – Башкими: Кој плати 12.000 евра за „сигурна двојка“?

5197

Се очекуваат многу жестоки казни за сомнителниот натпревар Кожуф – Башкими од пред две недели, кога ФФМ со надлежните органи тргна во офанзива по видеото од натпреварот, на кое јасно се виде дека домашните фудбалери во самиот финиш се тргаа од пред својот гол, се со цел гостите да дадат гол и да ги освојат трите бода. По изјавите на официјалниоте лица, следеше акција и „повик“ за сите наведени фудбалери, кои чудно се одесуваа на споменатиот натпревар.

Од нивните изјави и потврда за нечесна иггра тргна во акција и полицијата. Припадници на МВР беа и во Куманово, но и во Гевгелија, каде се „челаат“ сите оние за кои постои основно сомневање дека играле нечесно и го режирале натпреварот. Режија за која неофицијално се зборува дека некој платил 12.000 евра, режија за која некој им кажал и ги навел фудбалерите за „сигурна двојка“ во Гевгелија!

ФФМ излезе со известување дека е покрената постапка од нивна страна и ги посочи осомничените со иницијали. Истрагата е во тек, а од она што го дознаваме, припадниците на МВР се веќе влезени во трагата и тоа благодарение од гледање на надзорни камери од објекти во Гевгелија и Скопје каде имало состаноци и договори за споменатиот натпревар.

Од она што се знае (а се знае многу) во најбрз можен рок и ФФМ и органите за гонење на организиран криминал треба да постапат со конкретни и жестоки мерки, кои ќе бидат лекција за сите останати кои со нечесно игри со години пливаат во фудбалот во Македонија!

ПретходноСкопје во септември ќе биде домаќин на силен ММА турнир
СледноТричковски ја заврши кариерата, од денеска е нов директор на АЕЛ Лимасол