Потоп: Сампдорија за првпат во клупската историја испадна во трета лига

71

Италијанска Сампдорија испадна во третата лига на Италија. Некогашниот гигант во италијанскиот фудбал, сега за првпат во својата историја се сели во третолигашкото натпреварување.

Тимот предводен од Албериго Евани заврши на 18-то место во Серија Б и испадна од втората лига. Интересно, Сампдорија најпрво сезоната ја почна со Андреа Пирло на кормилото, а по него се променија и Андреа Сотил и Леонардо Семпличи.

Од своето основање во 1946 година, Сампдорија никогаш не паднала под втората најсилна лига во Италија. Само пред две години, тимот од Џенова сè уште играше во Серија А.

ПретходноМесто парада, Манчестер Ј. ќе прави скара ако ја освои Лигата на Европа
СледноФинале: Тиверија во лов на Купот, Љуботен се надева на хет-трик