Без победник во првиот меч од “македонското“ финале во Купот на Хрватска

137

Фото: НК Славен Белупо/ФБ

Славен Белупо – Ријека 1:1 е епилогот од првиот меч од финалето во Купот на Хрватска. За нас ова е интересно поради фактот дека за Славен Белупо настапи Илија Несторовски а за Ријека на клупата беше репрезентативниот дефанзивец Јован Манев кој на овој меч не доби минутажа. Сепак Манев, со оглед на тоа дека реваншот се игра на 29 мај во Ријека е поблиску до освојување на пехарот во Купот на Хрватска.

Стрелци на головите беа Фрук во 25.минута за 0:1, додека домашните израмнија во 68.минута преку Босец.

Во 81.минута Несторовски имаше одлична шанса за победа, но неговиот шут со глава гостинскиот голман го одби, од вториот обид Нестор шутираше над голот на Ријека.

ПретходноФлик стави на продажба дури осум играчи, вклучувајќи го и „недопирливиот“!
СледноИ официјално Тотенхем без “Македонецот“ Кулушевски во финалето Лига на Европа!