Бразилците веќе се воодушевени: Анчелоти го повикал некогаш најдобриот!

563

Авантурата на Карло Анчелоти со Реал Мадрид се ближи кон крајот. „Кралевите“ имаа катастрофална сезона што пак е причина за разделба со Италијанецот. Сепак, тој веќе имаше подготвено договор со Бразилците и тие го назначија за тренер кратко време по поразот од Барселона. Тој стана првиот странец што ги предводи Кариоките.

Најавено е дека Анчелоти ќе го предводи Бразил на Светското првенство во 2026 година и ќе биде задолжен за следните два квалификациски натпревари против Еквадор и Парагвај, закажани за следниот месец.

Бразилските медиуми сега објавуваат дека Карло Анчелоти веќе се фокусира на работата во Бразил, и покрај тековната сезона во Ла Лига. Веб-страницата alfredopedulla.com, повикувајќи се на CNN Brasil, објави дека Италијанецот „размислува да го вклучи Рикардо Кака во својот тренерски штаб“.

Анчелоти сака да има сигурен човек со себе, некој со кого бил успешен како играч, а сега би можел да му помогне и со бразилската репрезентација.

Кака го пречека Карло Анчелоти како нов селектор на Бразил. „Добредојде! Бог да ве благослови“, напиша тој на веб-страницата на X.

Во 2007 година, Рикардо Кака играше под водство на Карло Анчелоти во Милан и беше прогласен за најдобар фудбалер во светот. Подоцна се сретнаа во Реал Мадрид во 2013 година. Дебито на Карло Анчелоти ќе се одржи на 5 јуни против репрезентацијата на Еквадор и можно е Кака да седи до него на клупата.

Кака ја освои Златната топка во 2007 година, ја освои Лигата на шампионите со Миална, а во 2002 година го освои Светското првенство со Бразил како многу млад човек.

ПретходноЅвездата на Реал го прекина молкот: Престанете да измислувате!
СледноРомано: Алонсо се подготвуваше за овој момент целиот свој живот!