Денвер близу до елиминација, Индијана го „среди“ најдобриот тим сезонава (ВИДЕО)

114

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Оклахома Сити Тандер со 112:105 во петтиот натпревар од второто коло од плејофот и сега се на чекор до елиминација во конференциското полуфинале. По нерешената серија во првите четири дуели, Оклахома Сити доби клучна предност победувајќи на петтиот натпревар.

Одлично издание кај Денвер имаше Никола Јокиќ со 44 поени, 15 скока и 5 асистенции, но и тоа не беше доволно за да се добие овој натпревар. Џамал ​​Мареј исто така беше одличен кај Денвер постигнувајќи 28 поени, со 4 скока и 3 асистенции.

Сепак Оклахома пред своја публика го имаше Шеј Гилгес-Александар кој постигна 31 поен, со 6 скока и 7 асистенции, а одлични беа и Џејлен Вилијамс со 18 поени, и Хартенштајн со 15 поени и 7 скока.

Денвер имаше двоцифрена предност речиси во текот на целото второ полувреме, но не можеше да извлече победа.

Индијана, пак, се пласираше во финалето на плеј-офот во Источната конференција откако ги победија Кливленд Кавалирс со 4-1 во полуфиналната серија. За место до финалето на Истокот, Пејсерс го надминаа дефицитот од -19 во втората четвртина во петтиот натпревар од серијата против најдобриот тим на Истокот, го презедоа водството во третата четвртина и го задржаа до крајот на натпреварот.

Тајрис Халибартон постигна 31 поен, имаше шест скока и осум асистенции, а Паскал Сиакам додаде 21 со осум украдени топки за место на Пејсерс во финалето на конференцијата. Ова е прв пат од сезоната 2013/14 тимот на Индијана да стигне до оваа фаза од плеј-офот на НБА две години по ред.

ПретходноМилан брза да потпише нов договор со Пулишиќ, Американецот тактизира
СледноПингпонгарите на Младост 96 најдобри во регуларниот дел, 10 60 АС Ѓорче Петров е нов суперлигаш