Еве каде тренерот на Ливерпул се забавуваше после дербито со Арсенал! (ВИДЕО)

99

ФОТО Скриншот/Х

Ливерпул уште пред неколку кола ја осигура титулата во Премиерлигата, па сега “Редси“ само го одработуваат финишот на сезоната. Така беше и во неделата кога по дербито со Арсенал тренерот на Ливерпул, Арне Слот одлетал на Ибица каде бил специјален гостин во еден познат бич клуб на кој сопственик е братот на славниот Гери Линекер. Јасно е дека таму Холанѓанецот и тоа како бил пригодно пречекан со песни со кои славела титулата на Ливерпул.

Инаку и не само тој, во изминатите два – три дена и играчите имало слободно да си искористат мини – одмор.

Треба да се каже дека Слот уште во првата сезона како тренер на Ливерпул ја освои титулата во Премиерлигата.

ПретходноСтоле повторно резерва: Валенсија поразена кај Алавес, Виљареал убедлив!
СледноОсимен му го донесе пехарот на Галата во Купот на Турција!