Завршницата на ракометниот Куп повторно во Охрид

45

По две години пауза, македонскиот ракометен Куп својата завршница повторно ќе на има во Охрид. Завршниот турнир ќе ги нагости најдобрите ракометни состави во нашата земја, а тоа се домаќинот Охрид, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар. Истиот е закажан за 31 мај односно 1 јуни.

Првичниот план за одигрување на турнирот беше порано, но обврските на РК Алкалоид на меѓународен план ги променија нештата.

Полуфиналните двојки пак ќе се одредат преку ждрепка која РФМ ќе ја одржи на 21 мај.

Нормално, домаќин на турнирот ќе биде салата Билјанини Извори.

 

ПретходноЗавршниот турнир во М14 лигата ќе се игра во СРЦ „Кале“
СледноИбраимов приклучен на првиот тим на Сент Гален