ФОТО ФЦ Тотенхамхотспур/ФБ
Тоа што и се најавуваше, од денеска попладне е и официјално. Тотенхем ќе мора без „Македонецот“ Дејан Кулушевски во финалето во Лигата на Европа, кој се игра следната среда во Билбао, а ривал ќе биде Манчестер Јунајтед.
Имено попладнево со соопштение се огласи неговиот клуб од Лондон во кое се вели дека Кулушевски морал да се подвргне на операција по повредата на десната чашка од коленото на мечот со Кристал Палас. Ова значи дека за него и дефинитивно заврши сезоната.
Секако дека од клубот му посакуваат што побрзо враќање на терените.