И тоа се случи: После 51 година Болоња дојде до трофеј! (ВИДЕО)

1

Фото ФЦ Болоња/Х

Болоња вечерва на “Олимпико“ со 1:0 успеа да го победи Милан во финалето во Купот на Италија и со тоа да освои трофеј после 51 година, ако се знае дека во далечната 1974 година тимот од Болоња последен пат го освои трофејот во Купот. Ова значи дека Болоња има три од три во својата историја во финалињата во Купот на Италија.

Инаку победничкиот гол беше дело на Ндоје во 53.минута. И пред тој гол, и после тоа, и двете екипи имаа свои шанси, но сепак Болоња знаеше како треба да одигра за да се дојде до големиот успех, до пехар после пола век.

Секако дека ова е големо разочарување за гигантот од Милано. Тимот на Серџио Консеиао одигра добар меч, но сепак не успеа да постигне барем еден гол, па така откако судијата означи крај, славје и еуфорија на трибините каде беа фановите на победничкиот тим, додека тага и неверица на спротивната страна.

ПретходноНеверојатно: Ајакс прими гол во 90+9.минута и веројатно ја загуби титулата! (ВИДЕО)