Место парада, Манчестер Ј. ќе прави скара ако ја освои Лигата на Европа

85

Манчестер Јунајтед нема да организира шампионска парада ако го освои трофејот во Лигата на Европа. Екипата на Рубен Аморим ќе се натпреварува за трофејот со Тотенхем следната среда, но според „Тајмс“, во случај на победа, „црвените ѓаволи“ не планираат парада или автобуска тура низ градот.

Ко-сопственикот на Јунајтед, Џим Ратклиф, планира да ги ограничи прославите и да организира само скара-забава во базата на клубот.

Се наведува дека оваа одлука е донесена поради зафатениот распоред. Неколку дена по финалето на Лигата на Европа, Бруно Фернандеш и компанија имаат натпревар од Премиер лигата со Астон Вила, а веднаш потоа тимот оди на турнеја.

Последниот пат кога Манчестер Јунајтед одржа парада за да го прослави освојувањето на титулата во Премиер лигата беше во 2013 година. Тогаш околу 100.000 луѓе го прославија успехот во последната сезона на Сер Алекс Фергусон.

ПретходноФудбалер на Нотингем Ф. во индуцирана кома по опреација на стомакот
СледноПотоп: Сампдорија за првпат во клупската историја испадна во трета лига