Младите џудисти успешно се претставија во Грција

17

Изминатиот викенд во Аминдео (Грција) се одржа Меѓународниот турнир „Филипос“ на кој учество зедоа клубови од Грција, Англија, Египет, Ерменија, Грузија, Турција, Полска, Ирска, Бугарија, Италија, Србија и Македонија.

Суперџудо Скопје зеде настапи со 10 натпреварувачи при што медали освоија следните натпреварувачи. Матеј Трајковски, Кјара Нефовски, Калин Нимичев, Ведран Манојлов, Томислав Милковски, Андреј Трајковски, Димитар Марковски.

Нашите млади џудисти дадоа сe од себе и се соочија на предизвикот со храбар дух! Неверојатна работа и одлични повратни информации за тоа на што работиме секој тренинг!

ПретходноСакам, не сакам до трета лига
СледноПрва прозивка за дамите, стартува мисијата „Сребрена Европска лига“