Како што информираат од редовите на РК Пелистер,постигнат е договор со Илија Абутовиќ за продолжување на соработката за уште една година. Тоа значи дека интернационалецот од Србија и во следната сезона 2025/26 ќе го носи дресот на битолчани.
„ Продолжува нашата тенденција шампионите да продолжат да го носат нашиот дрес и во иднина. Ни претставува особено задоволство што постигнавме договор за продопжување на соработката со Илија Абутовиќ. Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на нашиот млад тим. Неговата сезона, неговите настапи и победничкиот ген уште еднаш ни потврдуваат дека направивме вистински потег што го доведовме минатото лето.
Илија Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум години. Потоа го чекаше предизвикот Бундеслига и четири години го носеше дресот на Рајн Некар Левен. Последните две сезони пред да дојде во Битола ги мина настапувајќи за Шартр.
Абутовиќ има европска клупска титула, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА лигата“велат од Пелистер.
ФОТО: HCEurofarmpelister/FB