Официјално: Монако се пофали со Ерик Даер! (ВИДЕО)

58

ФЦ Монако/ФБ

Иако имаше понуда да остане во Баерн Минхен, сепак некогашниот репрезентативец на Англија, Ерик Даер својата кариера ќе ја продолжи во Лига 1 и тоа во тимот на Монако. Ова значи дека дефанзивецот од Англија и во следната сезона ќе игра во Лигата на Шампионите ако се знае дека минатиот викенд Монако стави печат на пласманот во ЛШ.

Даер досега во својата кариера има играно за Спортинг, потоа една деценија беше дел од тимот на Тотенхем за да во последните две сезона играше за Баерн Минхен.

Секако дека ова за клуб и тим како Монако е големо засилување. Вечерва клубот од кнежеството на социјалните мрежи се пофали со својот нов член.

ПретходноОсимен му го донесе пехарот на Галата во Купот на Турција!
СледноНеверојатно: Ајакс прими гол во 90+9.минута и веројатно ја загуби титулата! (ВИДЕО)