ТФТ поведе со 2-0 во полуфиналната серија против Работнички, откако на вториот меч славеше со 71-59. Тимот од Тафталиџе до триумфот дојде благодарение на одличната игра во второто полувреме. Работнички имаше водство од 15 поени, но не успеа да биде константен.
Првото полувреме најавуваше дека можеби Работнички ќе успее полесно од очекувањата да дојде до прва победа во полуфиналето, со оглед на тоа дека мечот го отвори со 3-16, а водеше и со 5-19. Сепак на другата страна ТФТ успеа да се разбуди и да намали 16-24. Следниот период му припадна на ТФТ (16-13) за негатива од 32-37 на одморот.
Избраниците на Боро Смилковски целосно се предодија во третиот период, го добија со 24-22 за целосен пресврт и 56-48 пред стартот на последната четвртина
ТФТ не застана тука, дојде до плус 12 (66-54) на средината на последниот период. Оваа разлика домашниот тим ја имаше и на две минути до крајот на мечот (71-59). Ова на крајот беше и конечниот резултат на мечот.
Виктор Ташовски со 20 поени беше прво име кај победникот, зад него беше Говенс кој заврши со 17 поени. Кај поразените Ѓуровски постигна 18 поени.