Македонскиот одбојкарски судија Влатко Ристовски е делегиран да суди на два натпревари од женското издание на Европската Сребрена лига.
Според потврдата од Европската одбојкарска конфедерација, Ристовски ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Швајцарија и Луксембург закажан на 31 мај во салата „Парк“ во Струмица, а ден подоцна ќе се појави како втор судија на пресметката меѓу Македонија и Швајцарија.
Нашите одбојкарки од Струмица ги почнуваат годинешните настапи во Сребрената лига во обид да направат нов исчекор на меѓународната сцена.