Сезоната заврши и за ѕвездата на Бостон: Тејтум опериран, го чека долга пауза

115

Најдобриот кошаркар на шампионот во НБА лигата, Џејсон Тејтум има скината Ахилова тетива и веднаш е опериран. Ѕвездата на Бостон бил подложен на операција вчера и според информациите од инсајдерот Шамс Чаранија, за него сезоната заврши.

Тејтум ќе отсуствува подолг временски период, а Бостон кој и онака е на пораз од елиминација во плеј-офот, ќе биде сериозно ослабен во одлучувачките дуели со Њујорк.

Тејтум се повреди на 3 минути пред крајот на четвртиот натпревар од плеј-офот во моментите која имаше 42 постигнати поени во натпреварот.

ПретходноФинале: Тиверија во лов на Купот, Љуботен се надева на хет-трик
СледноМиленкоски утре со прва прозивка на одбојкарите пред стартот на Златната лига