Македонскиот тенисер ГораздСрбљак е елиминиран во првото коло на М15 фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања во Србија. Србљак имаше водство, но сепак на крајот го загуби мечот од Јанаки Милев од Бугарија (4.носител) по два часа и 13 минути игра со 2-1 во сетови (2-6, 6-3, 6-1).
Во првиот сет Србљак имаше два брејка во четвртиот и во осмиот гем што му донесоа водство од 1-0 во сетови откако го доби сетот со 6:2 во гемови. Во вториот сет неизвесно беше до четвртиот гем кога резултатот беше 2:2. Во продолжението на сетот Милев беше поуспешен со серија од 4:1 во гемови за 6:3 и изедначување 1-1 во сетови.
Во решавачкиот сет Милев беше убедлив и со 6:1 во гемови го доби сетот и со тоа мечот.
Србљак на турнриот настапува и во конкуренција на двојки заедно со Обрад Марковски. Тие по вчерашната победа над тенисерите од Србија Стефан Скобелев и Матеја Станисављевиќ со 2-1 во сетови (64 36 13-11 на поени), утре во четвртфиналето ќе играат против шпанската комбинација Карлос Гиралди и Николас Рафаел Голдберг Алвиани.