Столе повторно резерва: Валенсија поразена кај Алавес, Виљареал убедлив!

36

Фото ФЦ Валенсија/ФБ

Ништо ново кога станува збор за нашиот голман Столе Димитриевски кој и вечерва на гостувањето кај Алавес цел меч го преседе на клупата на Валенсија кој беше поразена со 1:0 и тоа грешката на голманот Мамардашвили за да потоа домашните со гол до пенал на Џордан во 79.минута дојде до победа. Сепак Мамардашвили е прогласен за играч на мечот.

Овој пораз за Валенсија значи дека тешко ќе се игра европски фудбал на “Местаља“ во следната сезона.

Со оваа победа тимот на Алавес е на +4 бода од Легањес за тоа 17.место на табелата кое значи и спас од испаѓање.

Токму Виљареал на свој терен со 3:0 славеше против Легањес. Со овие три бода овој тим е се поблиску до пласман во Лигата на Шампионите.

Сега е петти и има плус 6 бода пред Бетис, но и меч повеќе.

Стрелци на головите за Виљареал беа двапати Перез во 23.и 31.минута, за да конечните 3:0 ги постави Пепе во 45.минута за конечни 3:0 за Виљареал.

ПретходноРаботнички испушти +14, ТФТ на победа до финале (ФОТО)
СледноЕве каде тренерот на Ливерпул се забавуваше после дербито со Арсенал! (ВИДЕО)