Флик стави на продажба дури осум играчи, вклучувајќи го и „недопирливиот“!

967
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Гигантот од Шпанија, тимот на Барселона, стави на продажба дури осум играчи пред преодниот рок што доаѓа ова лето. Ова беше многу добра сезона за Барселона и покрај неуспехот во Лигата на шампионите.

Тимот на Ханси Флик моментално е пред Реал Мадрид, а имаат седум бода повеќе од нив само три кола до крајот. Покрај тоа, тие го освоија Суперкупот на Шпанија, како и Купот на Кралот, а речиси сигурно ќе ја освојат и Ла Лига.

Летото се ближи, а со тоа и преодниот рок, а дури осум играчи треба да ја напуштат Барселона.

Како што обајвија тамошните медиуми станува збор за Инака Пења, Роналдо Араухо, Хектор Форте, Фермин Лопез, Пабло Гави, Пабло Торе, Пау Виктор и Ансо Фати кои ќе бидат продадени ова лето.

Гави претходно се сметаше за недопирлив, но тој испадна од плановите на Флик и тој сака да го продаде ова лето. Кога е во прашање Фати, од него се очекуваше многу, но во последните месеци тој не беше во својата најдобра форма и Флик сака да му го види грбот.

Очигледно, Барселона е подготвена да ја разгледа секоја понуда што ќе им стигне, освен за Ламине Јамал, кој не е на продажба.

Јамал има само 17 години и е еден од најдобрите играчи во светот оваа сезона. Тој постигна 16 гола и имаше 24 асистенции. Многумина веруваат дека токму Јамал е кандидат број еден за Златната топка, а дали на крајот ќе ја освои ќе видиме.

Кога станува збор за засилувања, Барселона бара нов дефанзивец, напаѓач, играч од средниот ред и голман доколку Шчесни одлучи да си замине на крајот од сезоната.

Сè уште нема конкретни информации кога станува збор за играчите кои треба да дојдат во Барселона.

 

ПретходноОфицијално: Абутовиќ и следната сезона ќе го носи дресот на РК Пелистер! (ФОТО)
СледноБез победник во првиот меч од “македонското“ финале во Купот на Хрватска